
Трамп ги обвинува ОН за тројна саботажа на неговиот говор пред светските лидери
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговиот настап во Обединетите нации бил обележан со три чинови на „саботажа“, пренесува Гардиан
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Трамп рече дека ескалаторот не функционирал додека се качувал по него со првата дама Меланија, и дека телепромптерот откажал, а светските лидери не можеле да го слушнат неговиот говор поради пригушениот звук.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека ескалаторот по кој патувале тој и неговата сопруга „одеднаш застанал“ и дека речиси паднале „на острите рабови на тие челични скали, со лицето прво“.
Тој исто така рече дека неговиот телепромптер не работел на почетокот на говорот, и дека светските лидери не можеле да го чујат бидејќи звучниот систем откажал.
„Не еден, не два, туку три многу злонамерни настани! Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Тие треба да се засрамат“, напиша Трамп на социјалната мрежа.
Трамп рече дека побарал од ОН да го зачува снимката од безбедносните камери и побарал истрага, додавајќи дека Тајната служба е вклучена во истрагата за инцидентот со ескалаторот.
Службениците на ОН изјавија дека вградениот безбедносен механизам на ескалаторот бил активиран и дека телепромптерот го управувала Белата куќа, а не светската организација.
Во понеделник, портпаролот на ОН, Стефан Дијарик, изјави дека отчитувањето од централната единица за обработка на ескалаторот покажало дека тие „застанале откако бил активиран вградениот безбедносен механизам на скалата на врвот од ескалаторот“.
Тој исто така рече дека снимателот на Трамп се качувал по ескалаторот наназад за да го снима неговото пристигнување со првата дама и дека „можеби ненамерно го активирал безбедносниот механизам“.