Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Трамп: Фрламе бомби ширум Блиски Исток, а нашиот министер за одбрана води војна од болничка соба

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД „фрлаат бомби низ целиот Блиски Исток“, додека министерот за одбрана Лојд Остин „води војна преку неговиот лаптоп во болничката соба“.

„Значи, само да разјасниме. Фрламе бомби ширум Блиски Исток, а нашиот министер за одбрана, кој е исчезнат пет дена, води војна од својот лаптоп во болничка соба“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, претходно денеска изјави дека САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американските и британските сили започнаа напади против јеменските бунтовници Хути. Тој изјави дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој беше хоспитализиран на 1 јануари поради инфекција, бил „активно ангажиран во надгледувањето и насочувањето на овие напади“.

Јеменската милитантна група Хути претходно денеска објави дека пет нејзини борци се убиени, а шестмина се ранети во американско-британските напади врз нејзините позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот