Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Препорачано
На својот профил на неговата социјална мрежа, Трамп напиша дека ги информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши.
„Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели“, рече Трамп.
Претходно денес, Белата куќа објави дека средбата меѓу Виткоф и Путин поминала добро, но дека Вашингтон сè уште планира да воведе нови санкции кон Москва во петок.
„Русите сакаат да го продолжат разговорот со Соединетите Американски Држави. Очекуваме новите санкции да бидат воведени во петок“, рече претставникот на Белата куќа.
Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин порано денес во Москва, а помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека на средбата биле разгледани украинската криза и перспективите за можен развој на стратешка соработка меѓу САД и Русија.
Средбата, како што изјави Ушаков, била многу корисна и конструктивна.
Тоа беше петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.
Последните две посети беа на 11 и 25 април, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
3мин
-
15мин
-
29мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5