
Трамп бара одземање на лиценците на Еј-би-си и Ен-би-си поради „пристрасно известување“
Во објави на својата платформа „Трут соушл“, американскиот претседател Доналд Трамп се заложи за затворање на телевизиските мрежи Ен-би-си и Еј-би-си, правдајќи го тоа со нивната наводна пристрасност.
Препорачано
Трамп напиша дека и покрај неговата висока популарност, овие канали објавуваат „97 отсто лоши приказни“ за него и известуваат неправедно за републиканците, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, републиканец назначен од Трамп во 2017 година, сè уште не се огласи околу овие објави на претседателот на државата.
Трамп е во постојан конфликт и со други медиуми чие известување не му се допаѓа. Најново, весникот „Волстрит џурнал“ доби забрана да патува со владин авион поради напис за контактите на Трамп со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Новинската агенција АП, пак, сè уште нема дозвола да лета со претседателскиот авион, откако одби да го користи новото име што Трамп му го даде на мексиканскиот залив – „Американски залив“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5