Бијонсе со своите Греми статуетки во 2017 година / Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Трамп бара кривична одговорност за Бијонсе, тврди дека добила 11 милиони долари од демократите

Претседателот Доналд Трамп побара кривично гонење на пејачката Бијонсе, продолжувајќи да тврди дека таа добила 11 милиони долари поддршка од кампањата на Камала Харис, пишува Си-ен-ен.

Трамп во објава на социјалните мрежи тврди дека Бијонсе го прекршила законот со тоа што наводно примила 11 милиони долари за нејзината поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис за време на настанот во октомври 2024 година во Хјустон.

Сепак, покрај тврдењето на Трамп, нема докази дека Бијонсе примила исплата од 11 милиони долари во врска со кампањата на Харис, а камоли за нејзината поддршка.

Евиденцијата за федералните трошоци за кампањата покажува исплата од 165.000 долари од кампањата на Харис до продуцентската куќа на Бијонсе, што кампањата го наведе како трошок за „продукција на настан за кампања“.

Портпаролот на кампањата на Камала Харис минатата година за „Дедлајн“  изјави дека тие не им плаќаат на познатите личности кои ја поддржуваат, но дека се обврзани според законот да ги покријат трошоците поврзани со нивните појавувања.

Без оглед на потребата од овие конкретни 165.000 долари, тие се далеку од 11-те милиони долари што ги наведува Трамп. Никој досега не обезбедил никакви докази за тврдењето дека Бијонсе добила осумцифрена сума за препорака, откако тврдењето дека станува збор за „10 милиони долари“ почна да кружи меѓу поддржувачите на Трамп на социјалните медиуми минатата година.

Веб-страниците за проверка на факти FactCheck.org и PolitiFact го истражуваа тврдењето за „10 милиони долари“ за време на кампањата и не пронајдоа основа за тоа.

Кога Трамп претходно ја спомена непотврдената бројка, за време на едно интервју во февруари, тој го опиша својот извор со најнејасни зборови: „Некој штотуку ми покажа нешто. ѝ дадоа 11 милиони долари“.

Портпаролот на Харис се јави во Си-ен-ен во саботата и привлече внимание на објавата на социјалните мрежи објавена во ноември од мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, која го нарече барањето за исплата од 10 милиони долари „лага“ и истакна дека дури и Инстаграм го отстранил како „лажна информација“.

„Всушност: Бијонсе не доби ниту денар за говорот на митингот на претседателската кандидатка и потпретседателка Камала Харис во Хјустон“, напиша Ноулс.

Трамп го повтори лажното тврдење во објава на социјалните мрежи направена по полноќ рано наутро во недела од Шкотска, каде што е во посета. Тој напиша дека го разгледува „фактот“ дека демократите „признале дека платиле, веројатно нелегално, единаесет милиони долари на пејачката Бијонсе за ПОДДРШКА“

Демократските претставници всушност го отфрлаат барањето за исплата од 11 милиони долари.

Трамп продолжи да ги критикува другите исплати од кампањата на Харис до организации поврзани со истакнати донатори. Тој тврдеше, без докази, дека овие исплати биле погрешно пријавени во извештаите за трошоци. И тврдеше дека е „церлосно нелегално“ да се плаќа за политички прилози, иако ниеден федерален закон не ги забранува исплатите.

Трамп заклучи: „Камала и сите оние кои добија пари за поддршка, го прекршила законот. Сите треба да бидат гонети! Ви благодарам за вниманието кон ова прашање“.

Трамп постојано повикува на гонење на политичките противници. Неговото соопштение од саботата за Харис и поддршката од познати личности беше ескалација од изјавата во мај, кога тој рече дека ќе повика на „голема истрага“ за ова прашање, но не спомена експлицитно кривично гонење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот