Американска воена база Авганистан / Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на американската војска, „ќе се случат лоши работи“, пренесува Ројтерс.

-Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Доналд Трамп конгрес EPA-EFE/WIN MCNAMEE / POOL

Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по нападите на 11 септември 2001 година.

Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање. Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците. Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата.

„Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул, на социјалната мрежа „Х“ во четвртокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот