фото: ffm.mk

Трајковски: Се надевам дека против Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот

Македонската фудбалска А репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на јунските квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Белгија (6 јуни, Скопје) и Казахстан (9 јуни, Астана).

Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс – вели Трајковски.

Потсетување дека почна продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/

2. Изберете го натпреварот;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот