
Трајковски: Целта е секогаш 8 метри, но горд сум што успеав за Македонија да донесам медали и победи
Македонскиот атлетичар што се натпреварува во дисциплината скок во далечина, Андреас Трајковски, е задоволен од тоа како помина сезоната 2025, особено зимската. Неговата главна цел беше да биде првиот наш атлетичар што ќе биде дел од финале на големо натпреварување, веруваше дека тоа може да го направи и на крајот успеа да го оствари сонот.
Препорачано
Ваквите резултати даваат дополнителен поттик и мотивација да го покаже сиот свој труд и потенцијал за следните предизвици што се закажани за 2026 година каде Трајковски ќе се обиде уште подобро да ја претстави Македонија на атлетската меѓународната сцена.
Тој е прв Македонец што станал финалист на Европско првенство во сала, со нов национален рекорд (7.85 метри). Освои бронза на Балканското првенство во Волос, Грција (7.77), годинава има и трето место на атлетскиот митинг во Сестриере, Италија (7.87).
Исто така беше победник на Европското првенство тимско првенство (трета дивизија) во Марибор, Словенија со резултат 7.83 м. Се наоѓа на 31. место на европскиот ранкинг.

Како го оценувате вашиот настап оваа година, дали сте задоволни од резултатите кои беа остварени на меѓународната сцена претставувајќи ја македонската атлетика?
„Задоволен сум од тоа како помина сезоната 2025, особено зимската сезона. Мојата цел број еден кога почнав да се натпреварувам за Македонија беше да бидам првиот македонски атлетичар што ќе влезе во глобално финале. Секогаш верував дека можам да го направам тоа, но вистинскиот момент кога го постигнав беше исполнување на еден сон.
За летната сезона, дефинитивно очекував повеќе од 7.83м и 7.87м, бидејќи обично настапувам подобро на отворено отколку во сала. За жал, имав неколку помали повреди кои ме забавија. Целта секогаш е 8 метри, но сепак сум горд што успеав да донесам медали и победи за Македонија“ – ни изјави Трајковски.
Како гледате на 2026 година, какви се амбициите и на тимот преку низата подготовки за следните предизвици кои ќе ве очекуваат?
„Сезоната 2026 е голема година со многу првенства. Ме очекуваат Светското првенство во сала во март, Европското првенство во Бирмингем и Медитеранските игри во Италија.
– Светско во сала: Прво треба да се квалификувам, а потоа целта е да влезам во финале.
– Европско првенство: Сакам повторно да влезам во финале и да испишам историја како прв атлетичар што ќе влезе во европско финале на отворено.
– Медитерански игри: Целта е победа. Во 2022 година во Оран, Алжир, добив ковид еден ден пред настапот и тоа ме спречи да го покажам најдоброто. Следната година во Тарантон, Италија, сакам реванш“.