Патарина./ Фото: МИА

Трајановски најавува поголема достапност на М-ТАГ уредот: Ќе се намали времето на чекање и ќе се забрза протокот на сообраќај на патарините

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на Јавното претпријатие за држави патишта (ЈПДП).

Целта е лесна достапност на уредите за електронска наплата со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со таг, што се покажа како начин успешен начин на наплата согласно Договорот Open Balkan.

Според Коце Трајановски, директор на ЈПДП, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Тој најави дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

– Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните – изјави Трајановски за МИА.

Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот.

– Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на сообраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите – вели Трајановски.

Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијативата Отворен Балкан истакнува дела покажува добри резултати. Регистрирани се 5077 македонски тагови во системот Отворен Балкан, како и 8500 српски тагови.

– Секако дека логирањето на системот кое е обврска на корисникот на микробрановиот транспортер (ТАГ) е со одредена процедура, но ги покажува вистинските придобивки и резултати – велат од ЈПДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот