Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Трагедија во Хрватска – во страотен судир на пат загинаа две сестри кои оделе на свадба

Две повозрасни жени, сестри, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на загрепската обиколница (А3), јавија хрватските медиуми.

Според информациите, двете жени, од кои едната живеела во Данска, оделе на свадба кај роднини во Славонија. Семејната веселба е одложена по веста за нивната трагична смрт.

„Првата пријава беше дека се работи за сообраќајна несреќа со неколку повредени лица, а едно лице е во бессознание. Кога стигнавме на местото на интервенцијата, забележавме дека две лица се всушност повредени, а жената која седела на возачкото место во автомобилот веќе починала“, изјави доктор Адис Керановиќ.

Едната жена, која била жива во моментите кога пристигнала Брзата помош, со хеликоптер била пренесена во болница, заедно со уште едно, трето лице, кое е тешко повредено. Но, лекарите не успеале да ѝ го спасат животот на жената.

Според полицијата, несреќата ја предизвикал 52-годишен возач на комбе, кој возел пребрзо на автопатот и удрил во автомобилот кој го возела една од жртвите, 67-годишна жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот