Несреќата во Тасманија, Австралија/ Фото EPA-EFE/GRANT WELLS

Трагедија во Австралија: Четири деца мртви, а петмина повредени во експлозија на гумен замок

Четири деца загинаа, а уште пет се критично повредени откако налетот на ветар го разнесе во воздух гумениот скокачки замок во австралиската држава Тасманија, пишува Гардијан.

Меѓу починатите деца се две момчиња и две девојчиња, ученици во шесто одделение од основното училиште Хилкрест во Девонпорт. Покрај нив, други пет повредени ученици се пренесени во болница од кои четворица се во критична, а еден во тешка состојба.

„На денот кога овие деца требаше да го прослават својот последен ден од основното училиште, наместо тоа, сите жалиме за нивната загуба. Нашите срца се кршат за семејствата и најблиските, соучениците, наставниците на овие млади луѓе кои беа прерано земени. Загубата на децата нè погодува сите нас и нашите мисли и молитви секако се со најблиските роднини и училишната заедница“, рече полицискиот комесар Дарен Хајн.

Комесарот Хајн не сакаше да навлезе во детали како настанала трагедијата, а исто така не даде информација колку деца имало на скокачкиот замок.

„Во тек е истрага на судскиот вештак. Тие истраги продолжуваат за да се откријат тие информации за да можеме да ги предадеме на судскиот совет. Нашата главна улога овде е да ја истражуваме и поддржуваме заедницата.Ќе биде потребно доста време да се истражи. Таму има голем број луѓе и сведоци кои треба да бидат сослушани“, рече тој.

Премиерот Питер Гутвејн и премиерот Скот Морисон изразија сочувство

„На денот кога учениците славеа крај на учебната година, толку блиску до Божиќ, едноставно е незамисливо да се случило ова шокантно“ – изјави Гутвејн.

Премиерот Морисон несреќата во Тасманија ја опиша како „незамисливо срцепарателно“ и „ужасна трагедија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот