ТРАГЕДИЈА: Девојче се удави во базен монтиран во двор (ФОТО)

Четиригодишната Х.Т. денеска се удавила во базен во двор од куќата во која живеело. Трагедијата се  случила во околу 1:50 часот во село Омолјица во општина Панчево.

Како што јавува Курир.рс базенот бил длабок само 65 сантиметри. Родителите забележале дека детето го нема и почнале да го бараат низ дворот, но ја нашле падната во базенот. Инаку девојчето цел ден играло околу базенот и ги полнело со водата играчките но не се капело.

Била повикана итна помош која се обидела да го реанимира 4-годишното дете, но обидот бил безуспешен.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

ФОТО: Kурир.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот