Фото: twitter.com/Angelpajuelo6

Тоти поради Раул не потпиша за Реал Мадрид!

„Кралевите“ на поранешниот италијански репрезентативец му понудија договор вреден 25 милиони евра…

Поранешниот капитен на Рома можеше многу лесно да има и втор клуб во неговата професионална кариера.

Франческо Тоти, легендата на римската „волчица“, вели дека беше многу блиску да потпише за екипата на Реал Мадрид.

На крајот од сезоната 2003/2004 ми истекуваше договорот со Рома. Имаше несогласување со тогашниот претседателот Франческо Сенси кој можеше да направи уште повеќе за мене. Имав намера од 80 проценти да одам во Реал Мадрид. Рома не беше на најдоброто ниво, а Шпанците беа подготвени да платат многу за моите услуги, договор вреден околу 25 милиони евра. Сè, освен капитенската лента на Раул, кој заработуваше најмногу и беше симболот на тој тим. Трансферот скоро беше пред реализација, ме охрабруваше и мојата сопруга Илари, ме поддржуваше во одлуката за потпишам за Реал – рече Тоти за „Либеро“.

Одлуката да остане во Рома е донесена од срце, истакнува поранешниот италијански репрезентативец.

Мислев на навивачите, семејството и пријателите. Сакав да направам нешто различно од тоа што фудбалерите генерално го прават. Многумина заминуваат во Барселона, Реал, Баерн. Јас сум поразличен, сето време носев само еден дрес – додаде Тоти.

Со Рома успеа еднаш да ја освои Серија А, и по двапати Купот и Суперкупот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот