Instagram
Instagram

Тотален хаос! Марија Шерифовиќ по 13 години откри што се случувало на нејзиниот настап на Евровизија

Српската пејачка Марија Шерифовиќ по 13 години ги откри сите детали од своето учество на песна за Евровизија, кога со нумерата „Молитва“ ја однесе победата.

Марија во овие карантински денови ја гледаше снимката од својата победа на Евровизија во 2007 година, а на своите следбеници на Инстаграм им откри како се чувствувале непосредно пред излегувањето на сцена.

– Значи, сега шваба завршува, а јас стојам на степеници: Ми се оди до тоалет, ми се повраќа, имам температура и готова сум да паднам во несвест – раскажа Марија.

Шерифовиќ потоа продолжи да гледа и да се снима, за на своите следбеници да им го сподели секој детаљ, а се чини дека и по 13 години таа се уште е возбудена кога се сеќава на тоа.

Марија во оваа прилика го сподели и своето мислење за останатите натпреварувачи на таа Евровизија.

– Реално, 13 години подоцна можам да изјавам дека немавме никаква конкуренција, никаква – порача српската пејачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот