Тротинети за изнајмување / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тошковски за малку ќе го прегазеле деца со електричен тротинет

Малолетници со електричен тротинет, за малку ќе го згазеле министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кажа тој во интервју за МИА зборувајќи за проблемот со неправилното возење на тротинети низ Скопје.

– Сега, пред да влезам кај вас во овие простории, само што не ме згази еден возач на електричен тротинет. Мислам дека беа дечиња, две малолетни лица на тротинет. Прво не смеат две лица да се возат на тротинет, ниту согласно сегашната регулатива. Ниту едното, ниту другото имаа кацига на нив, ниту едното, ниту другото беа обележени. И сега имаме регулатива којашто е поврзана со управување на тротинетите, која за жал не дава резултати. Факт е дека не дава резултати. Но, за промената на регулативата во овој дел, ни треба, навистина, малку подлабински да навлеземе во она што треба да се измени. Да, планирани се измени и во овој дел, усогласување во дел со регулативите коишто се применливи во рамки на Европската Унија. Но, сепак, овде, навистина, не се чувствуваме доволно навлезени во рамки на проблематиката и тој дел не е опфатен во рамки на сегашните законски решенија. Дадовме простор малку подетално да навлеземе во консултација со експерти, во консултација со професорската фела, апликативно да видиме како е сето тоа применето во рамки на одредени земји од ЕУ. И мораме и во оваа насока да ја заостриме регулативата се со цел сите наши граѓани да се чувствуваат побезбедно по македонските улици кога се движат, како ние, така и оние коишто ги управуваат овие тротинети. Инаку, согласно информациите коишто ги имам добиено од страна на доктори кои работат во клиника, дневно имаме најмалку по 5 до 6 операции на скршеници коишто се настанати од паѓање од тротинет. И тоа согласно на она што го имам како информација, најчесто се кршат дланките коишто се тешки за операција, тешки за враќање во првобитна положба – рече Тошковски.

Во врска со проектор „Безбеден град“ кој треба да почне од јануари следната година, рече дек се сменува законската регулатива.

-Од 1.1. 2025 година, со измената на Правилникот во однос на регистрирање на моторни возила, се отпочна со процес на собирање на сите потребни податоци и информации коишто се поврзани со сопственикот на возилото. Така што, формално правно, можеме да отпочнеме со имплементирање од 1.1.2026. година, со тоа што запознаени се добра граѓаните дека овој систем ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони, односно преку испраќање на порака на нивните мобилни телефони на телефонскиот број којшто го оставиле во Министерството за внатрешни работи. Се надевам дека најдоцна до 1.12.2025 година ќе отпочнеме со активна примена на овој Сејф Сити систем. Со тоа што наредните вие триесет дена би ги искористиле за информирање на граѓаните дека на конкретна сообраќајница сториле конкретен сообраќаен прекршок, се цел да ги подготвиме, да има еден месец да ги подготвиме, да има како еден почетен пробен тест период, сè додека не стапат во сила официјално измените на сите оние законски прописи – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот