Пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тошковски после пожарот во Кочани, направи „чистка“ на началници и командири во полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски разреши командири, началници и помошници началници, откако изгоре дискотеката без лиценца „Пулс“ и во трагедијата загинаа 59 лица.

Разрешени се началникот на СВР Штип, помошник началникот на СВР Штип, началникот на одделение за полиција Штип, началникот на одделението за криминалистичка полиција Штип, началникот на одделението за внатрешни работи Кочани, командирот на полициска станица Кочани и началникот на надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот