Гужва на ГП „Богородица“ / Фото: Слободен печат-Александра Вуксановиќ / илустрација

Тошковски: Ќе се отворат нови две ленти на „Богородица“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај.

Тошковски на прес-конференција со литванскиот колега рече дека за во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин, онака како што тоа во моментов го прави Грција.

Во летната туристичка сезона граничниот премин Богородица интензивно се користи од македонските но и од сите туристи од регионот кои патуваат во Грција поради што се случува за излез од земјава да се чека со часови.

Грчкиот Премиер Мицотакис веќе најави дека Грција ќе почне со целосно реновирање на граничниот премин Евзони за да овозможи побрз проток на патници и стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот