Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Тони Надал: Му се воодушевувам на Ѓоковиќ, неверојатно достигнување

Tренерот на канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим, Тони Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената титула на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во неделата триумфираше на Ролан Гарос откако во финалето го победи Каспер Руд со 7:6 (7:1), 6:3, 7:5. Српскиот тенисер со победата во Париз стигна до 23-тиот грен-слем трофеј во кариерата.

Тони Надал кој е чичко на Рафаел Надал не штедеше честитки и за поразениот Руд.

„Кога започна Ролан Гарос, напишав дека Руд е еден од фавортите за финале и дека ќе се бори за титула. Сметајќи го и ова неделно финале, за него тоа беше трето грен-слем финале во последната година. Такво нешто им успеало само на неколку тенисери. Кога ќе успее да го освои, со големо задоволство ќе славам затоа што еден тенисер кој комбинира убав и фер-плеј тенис го достигна врвот во нашиот спорт“.

Потоа следуваше и честитката за Ѓоковиќ.

„Кога во прашање е Ѓоковиќ, со уште едно големо воодушевување ми останува да му честитам и да му посакам да ужива во ова неверојатно достигнување со семејството и членовите на тимот“, заклучува Тони Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот