
Томовски: Потребно е да набавиме нов владин авион
Директорот на Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, вели дека е потребно да се набави нов владин авион со кого би се превезувале владините функционери кога одат на посети во странство.
Препорачано
-Можеби и половен авион, но, не постар од 2-3 години. Сериозно е да имате сериозно летало. Сум разговарал со повеќе лица и кај сите има заинтересираност да дискутираме околу набавка на нов, поголем авион со барем најмалку 14 седишта, за да собере поголема делегација, истакна Томовски.
Според проценките, нов авион би чинел од 30 до 40 милиони евра и повеќе, а опцијата за половен авион би чинела околу 15 милиони евра. Сепак, Томовски нагласува дека одлуката треба да ја донесат стручни лица, како пилоти и авиомеханичари, кои најдобро ја разбираат состојбата на пазарот и барањата за безбедност.
Томовски вели дека моменталниот авион, со кој се превезуваат државните службеници, е во дефект и е на сервис.
-Многу често ни се случуваат дефекти. Сегашниот авион е на сервис бидејќи протекува гориво од резервоарите. Тоа е сериозен проблем. Претседателот на Собранието беше приморан да се враќа во Македонија со редовни летови и други проблеми кои произлегуваат од одржувањето. Немаше полетување со него…, рече Томовски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5