фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Томас Милер сака на посебен начин да се збогува со Баерн Минхен

По цели 25 години минати во дресот на Баерн Минхен, клупската икона Томас Милер летово официјално стави крај на престојот во Минхен и кариерата ја продолжи во канадскиот МЛС тим Ванкувер Вајткапс. Но, неговото заминување нема да помине тивко. Медиумите сега пренесуваат дека Германецот сака на еден уникатен начин да се збогува со навивачите.

Како дел од прошталната програма, Милер подготвува голема хуманитарна аукција на која ќе се најдат предмети од неговата кариера.  Меѓу нив ќе има делови од неговата опрема носена на значајни натпревари, вклучувајќи ги и специјално дизајнираните копачки од „Адидас“, направени по повод неговиот рекорден број настапи за Баерн.

Аукцијата ќе понуди и уникатни предмети како корнер знаменцето од неговиот последен натпревар против Борусија Менхенгладбах, но и скулптура во природна големина на самиот Милер.

Хуманитарната акција доби поддршка и од неговите поранешни соиграчи, Мануел Нојер, Саша Бој и Жоао Палиња, кои донирале сопствени предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот