Тодоровски: Работнички посакува позитивен исход против Шкендија

Димитар Тодоровски („ФК Работнички“)/фото: fkrabotnicki.com

Фудбалерите на Работнички по ремито без голови против Гостивар утре ќе патуваат за Тетово на дуел против Шкендија. Во 16 коло од Првата македонска лига Работнички ќе се обиде да оствари успех против еден од најквалитетните ривали во шампионатот.

Играчот за врска Димитар Тодоровски верува дека Работнички има квалитет да освои бодови од ова тешко гостување.

– Првенството влезе во забрзан ритам во пресрет на крајот на оваа полусезона. Следно искушение е Шкендија, квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен во Тетово, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со нив на претходните дуели оваа сезона. Со максимално залагање и сериозен пристап, верувам дека можеме да ја исполниме целта и да освоиме бодови во Тетово – вели Тодоровски.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово, со почеток од 13.00 часот, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

Моментно на табелата во првенството „романтичарите“ се на петтата позиција со 20 бодови, додека тетовските „црвено-црни“ се второпласирани со 29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот