Швајцарски франци/ Фото: Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Тие се втората најбогата нација во светот: 269.000 евра по глава на жител, а не се Кинези!

Швајцарија е сè уште втора во светот по богатство по глава на жител, кое во оваа земја е речиси 269.000 евра, покажа најновиот Извештај за глобалното богатство на осигурителната компанија „Алијанц“ за 2024 година. На прво место се граѓаните на Соединетите Американски Држави, кои имаат просек од 311.000 евра по глава на жител, објавува порталот „Свисинфо“.

За разлика од САД, каде што две третини од растот дошле од зголемувањето на вредноста на акциите, дури 84 проценти од растот на Швајцарија доаѓа од дополнителни заштеди, објавува Танјуг. Специфичноста на швајцарскиот модел е силната ориентација кон осигурувањето – дури 41 процент од заштедите се насочени кон осигурителни производи, додека банкарските депозити сочинуваат само 15 проценти. Покрај тоа, повеќето инвестиции во хартии од вредност се поврзани со взаемни фондови, особено ETF- пишува Телеграф.

Во Швајцарија, бруто-финансиската актива на домаќинствата порасна за 4,2 проценти на годишно ниво минатата година, што е значително повисоко од растот во 2023 година, кој изнесуваше 2,6 проценти. Најголем придонес дадоа хартиите од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите пораснаа поумерено.

Кога долгот ќе се одземе од вкупната актива, нето-финансиската актива се зголеми за 5,3 проценти. Глобалното население исто така стана побогато минатата година, бидејќи вкупните финансиски средства во светот се зголемија за 8,7 проценти на 269 трилиони евра, надминувајќи го растот од претходната година од 8 проценти, додаде швајцарскиот портал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот