фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ти Џеј Шортс прв стрелец во првата победа на Париз во финалето на францускиот шампионат

Кошаркарите на Париз го победија Монако со 94:82 во првиот натпревар од финалето на плејофот во француското првенство.

Репризата од минатогодишното финале започна со победа на Париз, кој ја одбрани предноста на домашен терен во првиот меч.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше најефикасен во редовите на Париз со 30 поени, шест асистенции и исто толку скокови. Надир Хифи постигна 18, Тајсон Вард 16, а Микаел Јантунен 10 поени.

Без суспендираниот Мајк Џејмс, Мамаду Заите го предводеше тимот на Монако со 17 поени и девет скокови. Алфа Диало заврши со 16 поени, а Метју Стразел имаше 10.

Вториот натпревар од финалето е закажан за вторник во 20.30 часот, повторно во Париз, а потоа серијата се сели во Кнежевството. Монако ја брани титулата во француското првенство од минатата година, додека Париз го бара својот прв трофеј во своето второ финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот