фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ти Џеј Шортс блескаше во првата историска титула на Париз

Историја во француската кошарка, Париз ја освои титулата во лигата за прв пат во историјата на клубот. Во решавачкиот, петти натпревар од финалето во тамошното првенство, тие го победија Монако со 99:93 на домашен терен.

Може да се каже дека е шлагот на тортата и најубавиот можен крај на приказната што се случува во последните три години во Париз, со оглед на тоа што повеќето од најдобрите играчи и носители на играта, како и тренерот Тијаго Сплитер, си заминуваат.

Еден од играчите кои си заминуваат е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, кој според најавите ќе биде плејмејкер на Панатинаикос од следната сезона.

Токму Шортс беше еден од најзаслужните за историската титула на Париз, блескаше и во последниот меч со 27 поени, 10 асистенции и седум скокови.

Надир Ифи, кој се поврзува токму во Монако, постигна 16 поени. Тајсон Ворд, кој потпиша за Олимпијакос, реализираше 11 поени. За тимот на Спанулис, Дијало постигна 18, Џордан Лојд 17, а Тарпи 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот