Илустрација/Архива на Слободен печат

Тежок инцидент во Гази Баба: Еден избоден, еден застрелан на бензинска пумпа

Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице.

Подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница „Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники  „Мајка Тереза” бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф” со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот