Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Тевез за Меси и ПСЖ: Да бев на негово место, ќе пиев пиво во Росарио чекајќи клубот да ми се извини

Поранешниот соиграч на Лионел Меси од дресот на репрезентацијата на Аргентина, Карлос Тевез изнесе критики на сметка на Пари Сен Жермен поради односот на овој клуб кон аргентинската ѕвезда.

Меси првично беше суспендиран од ПСЖ поради заминувањето во Саудиска Арабија кое не го најави во клубот. Таа суспензија кон Меси веќе помина и би требало да биде во првиот состав за утрешниот натпревар во Лига 1 според најавите на тренерот Галтие.

Сепак, Тевез порача дека ПСЖ не смее да има таков однос кон играч како Меси.

„ПСЖ не смее да ги третира така своите играчи, посебно не Меси. Против Меси сум играл неколку пати во кариерата и на сите ни држеше лекции на теренот. Ако на мене како светски шампион ми баравте да се извинам што во својот слободен ден сум отпатувал негде, веднаш би заминал за Росарио и би останал таму, ќе пиев пиво додека чекам клубот да ми се извини. Меси го става клубот над се и поради тоа треба да му се поклониме“, изјави Тевез.

Teвез во кариерата настапуваше за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Шангај Шенуоха и Бока Јуниорс каде што ја почна и заврши кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот