Полиција / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тетово: Жена-возач прегазила 18-годишна девојка и избегала

Уште еден инцидент со прегазен пешак се случил вчеравечер во Тетово – жена-возач удрила во 18-годишна девојка, по што избегала од местото, соопшти МВР.

„На 11.03.2025 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот. Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот