Фото: Screenshot

Тетово од утре ќе биде домаќин на Балканско првенство во одбојка на песок

Одбојкарската федерација на Македонија заедно со општина Тетово од 25 до 27 јуни ќе биде организатор на БВА Балканскиот шампионат во одбојка на песок за одбојкари и одбојкарки до 22 години.

Осум екипи во машка конкуренција и седум во женска од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија ќе играат учествуваат на турнирот.

На програмата утре се прелиминираните натпревари, за четврток се планирани елиминации, додека петок е резервиран за финалните напревари и доделувањето на медали.

Опиштина Тетово и ОФМ направија и „преуредување“ на плоштадот со цел учесниците да имаат достојни услови за игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот