Тетоважа преку бенка: Дали треба да се загрижите?

Кога планираме да направиме тетоважа, дали размислуваме за промените на кожата?

Истражувањата покажале дека дошло до значителен пораст на бројот на рак на кожата – меланом кај млади возрасни лица, кои се најчести носители на тетоважи. Причината за оваа појава може да се бара во фактот дека тетоважата врз бенка може да ги скрие (или имитира) карактеристиките на малигните промени. Опишани се случаи на меланом во подоцнежните фази на растот како резултат на покриеноста со тетоважа.

Ако веќе имате тетоважа преку бенката, без паника!

Треба да се консултирате со дерматолог заради дермоскопски преглед на тетовираното подрачје на вашата кожа. Се препорачува дермоскопско испитување на бенките и кожата од страна на дерматолог на секои шест месеци, а помеѓу овие прегледи би требало да правите самопреглед на бенките и на кожата еднаш месечно.

Да не заборавиме – меланомот е излечив ако се открие во рана фаза.

Пред неколку години, во Америка беше спроведено истражување меѓу мајсторите за тетоважи со прашањата:

– Дали сметаат дека нанесувањето тетоважа преку бенките е ризик за појава на рак на кожата?

– Дали намерно ги избегнуваат промените на кожата?

– Колку често сметаат дека промената на кожата е сомнителна и дали го упатуваат клиентот на преглед кај дерматолог?

Instagram

 

Резултатите од испитувањата предизвикуваат размислување. Во речиси ист однос, испитаниците изјавиле дека намерно избегнуваат бенки, како и дека тетовираат преку нив или едноставно ги почитуваат желбите на клиентот, давајќи предност на козметичкиот изглед на тетоважата, а не на потенцијалниот ризик од рак на кожата.

Со други зборови, половина од испитаниците ќе решат да ја стават бојата преку забележаната промена на кожата, бидејќи тоа не влијае на квалитетот на тетоважата, без да бидат свесни дека може да претставува рана форма на рак на кожата.

Оние мајстори за тетоважа кои претходно биле на преглед кај дерматолог, покажале поголема одговорност. Тие почесто одбиваат да стават тетоважа на клиентот и ќе го упатат на дермоскопски преглед од дерматолог.

Неопходна е едукација на мајсторите за тетоважа за ракот на кожата, особено за меланом. Едукацијата ќе помогне да се намали бројот на карциноми на кожа покриени со тетоважи и да се поттикне упатување до дерматолог за клиенти со сомнително оштетување на кожата.

Слично на тоа, важна е едукација и на фризерите за да ги препознаваат и упатуваат пациентите со промени на кожата на главата на дермоскопски преглед кај дерматолог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!