
Тест на личноста: Изберете една роза и дознајте дали ќе ви се исполни најголемата желба во животот
Розата што ќе ја изберете на сликата ќе ви открие која е вашата најголема желба во животот и дали ќе ви се исполни.
Препорачано
Тестовите со слики се секогаш интересни, но се поврзани и со вашата потсвест – тие покажуваат колку брзо ќе се оствари вашата желба.
Ако ја избравте розата број 1
Вие сте исклучително емотивна личност. Розата број еден симболизира нежност бидејќи така изгледа. Во срцето сте големо дете и лесно сте емоционално ранливи. Може да ве повреди и најмалата работа затоа што сте способни целосно да се предадете, без разлика дали сте во пријателска или емотивна врска. Не ги откривате лесно вашите тајни на другите луѓе бидејќи имате страв од предавство.
Семејството е исклучително важно за вас, но довербата игра подеднакво важна улога за вас во секоја врска. Што се однесува до парите, вие не сте некој што за тоа би ја продал душата на ѓаволот, туку како и во сите други ситуации, се задоволувате со ситници, односно ви треба само доволно за да живеете нормален живот.
Вашата најголема желба е да ја пронајдете љубовта од соништата, поточно, љубовта од бајките, каде што емоциите се вечни и нема крај, како во оние стари приказни „живееле среќно до крајот на животот“. Токму тоа ви треба, некој кој може да ве разбере, да ве сака и прифати онакви какви што сте. Во љубовта сте верни и лојални, а вашиот најголем проблем е што е многу тешко да најдете некој како вас.
Имаме добри вести за вас, предодредени сте за вистинска љубов од соништата, но ќе мора да се „боцнете“ многу пати пред да ја пронајдете розата, односно партнерот кој е подготвен да ви го подари целиот живот.
Ако ја избравте розата број 2
Розата број два, како и нејзината боја, ја симболизира љубовта во секое време и на сите места. Во секој случај, не се работи за љубов од специфичен вид, поточно општа љубов кон пријател или семејство или партнер. Луѓето кои ја избираат оваа роза треба да се уверат дека избрале отворена соработка во сите области од нивниот живот.
Овие луѓе се несебични во секое време, и доколку е потребно да ризикуваат за да ги постигнат своите цели, тие ќе го сторат тоа. Едноставно кажано, луѓето кои ја избираат розата број два се подготвени да направат се за доброто на нивната среќа. Ништо не прават случајно или делумно, туку од почеток до крај, без да избираат средства, прават сѐ за да стигнат до својата цел. Во овој случај, целта е да се оствари желбата.
Најголемата желба на луѓето кои ја избираат оваа роза е животот да им биде среќен во љубовта, бидејќи љубовта за нив е смислата на животот. Луѓето кои ја избираат оваа роза за жал се осудени да страдаат засекогаш поради љубовта, па нивната желба е тешко да се оствари, но во подоцнежните години сепак ќе ја најдат вистинската личност.
Ако ја одбравте розата број 3
Весели сте и вечно безгрижни. Вашето однесување наликува на пеперутка во пролет, наоѓате решение за секој проблем бидејќи имате весела природа и ниту една ситуација не ви е нерешлива. Мислите ви се светли и оптимистички, а кога ситуацијата е мрачна, вие поради вашата весела природа ја претворате во нешто помалку лошо и гледате на светлата страна.
Заради вашата весела природа, другите ве сакаат и во тешките моменти секогаш гледаат на вас да ги утешите и расположите. Исто така, вие сте способни да ги решавате туѓите проблеми како да се ваши.
Ве сакаат пријателите, ве обожаваат познаниците и секој би сакал секогаш да биде во ваше друштво.
Вашата најголема желба е да успеете во бизнисот. Вложувате многу во вашето образование и се грижите дали ќе бидете успешни во својата професија, исто колку што сте успешни во сите други сфери од вашиот живот.
Со оглед на тоа што вложувате многу во работењето на себе и во себе, големи се шансите да постигнете големи деловни успеси, без разлика кој е вашиот избор на професија. Единственото нешто на кое би сакале да ви привлечеме внимание е фактот дека е убаво да се има пари, но не смеете да заборавите колку е важно да имате љубов во животот.
Ако ја одбравте розата број 4
Никогаш нема да бидете сигурни дали вие ја избравте розата или розата ве избра вас. Оваа роза го открива вашиот тежок карактер, поточно, ја покажува вашата вистинска емоционална состојба кога станува збор за вас. Срцето неодамна ви е рането, па соодветно избравте роза што изгледа како штотуку да почнала да поцрнува, поточно да се суши.
Нема радост во вашето однесување, во вашата волја за живот и во вашата сила. Се чини дека сите ваши бродови потонале. Сè околу вас е темно, а вие дејствувате уште полошо. Не се смеете, не се дружите, па на работите гледате со страв од утре. Тоа е голема грешка, без разлика на моменталната ситуација, барем малку оптимизам не би повредил.
Ако ја избравте розата број четири, вашата најголема желба е да го промените вашиот став кон светот и околината или да престанете да бидете толку песимист и да гледате на се во негативно светло. Односно, толку многу сте страдале во животот што постојано се надевате дека и за вас ќе дојдат подобри денови. Се чувствувате како судбината да заверила против вас, како сè што сакате е да поминат вашите тешки денови.
Доколку не го промените однесувањето и внесете малку оптимизам во секојдневниот живот, вашата желба ќе биде недостижна. Сами ја кроите својата судбина, а сѐ е во ваши раце!
Ако ја одбравте розата број 5
Оваа роза го претставува вашиот развој и напредок во секоја смисла. Сè што стоеше до сега, сега ќе се промени. Едноставно ќе цветате како розата што сте ја одбрале. Ќе ви бидат претставени големи можности за напредување, ќе ви се отворат големи патишта и ќе ви се даваат повеќе шанси. Од вас зависи по кој пат ќе тргнете и што ќе одберете. Со оглед на тоа дека имате волја за борба и сте доволно способни и храбри, имајте на ум дека ништо не е невозможно!
Најголемата желба на луѓето кои избрале роза број пет е да се исполни во семејниот живот. Воспитувани сте да му дадете приоритет на семејството и да го направите домот ваше светилиште, така што целиот свој живот ќе го посветите на наоѓање сродна душа со која ќе постигнете љубов од бајките. Потомството ви е најважно, па сите желби ќе ви се остварат во секундата кога ќе станете родител. Реално, не барате многу од животот, затоа што фала богу, животот веќе ви дал многу, само немојте да се менувате и што е најважно никогаш да не губете верба во себе!