Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Тешко повреден штипјанец во сообраќајна несреќа во Кочанско

Четириесет и едногодишен штипјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу „мерцедес“ и „шевролет спарк“ во Кочанско.

„Вчера околу 14.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот