Фото: МИА / илустрација

Тешко повреден 71-годишен тракторист по судир со „пасат“

Седумдесет и едногодишен тракторист од Кавадарци е тешко повреден при судир со „пасат“.

„Вчера во 06.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (23) од Кавадарци и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(71) од Кавадарци“, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во болницата во Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот