Комисија за избори и именување расправа за избор на Јовески за уставен судија/Фото: МИА

Тензична атмосфера на собраниската расправа за избор на Јовески за уставен судија

Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На почетокот на седницата неколкумина членови на Комисијата се пријавија за процедурална забелешка. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да биде прекината, да се даде пауза или да се повлече точката од дневниот ред. Таа оцени дека однесувањето на претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, ја оправдува интерпелацијата што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за неа.

Претседателката на Комисијата, Георгиевска не ги прифати предлозите на Пешевска, нагласувајќи оти не гледа ништо спорно во тоа да продолжи расправата, бидејќи ова е 23 продолжение на комисиската седница. Георгиевска додаде дека предлогот за кандидат за уставен судија е поднесен од страна на членови и таа не може да го повлече. Во однос на интерпелацијата, таа посочи дека доколку се утврди од страна на пленумот дека го прекршила Деловникот ќе има и последици.

Георгиевска побара од членовите да бидат коректни и да ја продолжат расправата.

Ја знам вашата класична стратегија за блокада, нема да ви помине ова, нагласи Георгиевска.

Понатаму Пешевска уште еднаш побара пауза, по што настана расправија меѓу членовите, а Георгиевска даде пауза од 15 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот