фото: mtftennis.mk

Тенискиот клуб „Југ“ ја одбрани титулата државен шампион

Тенисерите на ТК „Југ“ се старо-нови шампиони на Македонија откако денеска ја одбранија титулата во рамките на Македонската лига. Тие во финалето остварија максимална победа од 5:0 против тимот на Поинтер добивајќи ги сите сингл мечеви, а потоа мечевите во двојки не се играа. Во дуелот за третото место Неготино го совлада тимот на МТП со резултат 4:1.

Во составот на Југ за лига дуелите беа пријавени: Томислав Јотовски, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Дарко Колевски, Димитар Грабул, Филип Стојановски, Александар Трифунивски, како и тенисерите од Буграија Петар Нестеров и Габриел Донев, а улогата на капитен ја имаше Владимир Андонов.

ТК Поинтер го освои второто место исто како и лани, а овој тим клучната победа ја оствари вчера во дуелот со ТК Неготино, кога и избори пласман во финалето.

Од утре среда на терените на ТК Југ ќе стартуваат мечевите во државното првенство на Македонија за мажи и за жени.

Финале: Југ – Поинтер 5:0
Сингл:

Петар Нестеров – Обрад Марковски 20 предаде Марковски
Габриел Донев – Марко Стоилковски 62 30 предаде Стоилковски
Томислав Јотовски – Михаил Кусески 76(3) 61
Шендрит Деари – Илија Мартиноски 20 предаде Мартиноски
Берк Бугариќ – Максимилијан Алексовски 60 62

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот