Фотто: EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL

Teн Хаг нема да жали премногу за отказот: Ангажманот во Леверкузен го наплатил 100.000 евра дневно

Кога Ерик тен Хаг во мај ја презеде клупата на Баер Леверкузен, многумина веруваа дека холандскиот стратег може да најде идеален ангажман, по лошиот период во Манчстер јунајтед. Тен Хаг го наследи Чаби Алонсо кој кариерата ја продолжи во Реал Мадрид, меѓутоа многу брзо доби отказ.

На клупата на германскиот гигант, Холанѓанецот помина само 62 дена. По само два одиграни натпревари во Бундеслигата (пораз од Хофенхајм и реми со Вердер Бремен), челниците на Леверкузен му врачија отказ. Единствената победа Тен Хаг ја забележа во Купот, против нисколигашот Соненхоф Гросашпах. Слабите резултати, недоволно убедлива игра и лошата атмосфера го принудија клубот на брза реакција.

Меѓутоа, според германски „Билд“, Тен Хаг и нема да жали премногу бидејќи за предвремениот раскин на договорот добил шест милиони евра, кога ќе се додаде дека тој на клупата помина само 62 дена значи дека во бундеслигашот престојувал за сума од 100.000 евра дневно.

Засега нема најави која би можела да биде неговата следна дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!