Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Тен Хаг категоричен: Џака не заминува!

Веќе се пишуваше дека Гранит Џака со сите сили се обидува да издејствува трансфер во Сандерленд, но ако за тоа треба да решава новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик Тен Хаг, од тој договор нема ништо.

Според информации на германски „Билд“, швајцарскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со премиерлигашот, кој понудил 10 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, Леверкузен бара барем двојно повеќе за 32-годишниот играч од средниот ред и смета дека понудата од Англија е далеку од сериозна.

Агентот на Џака, Хозе Ногеира Родригез, вчера изјави дека клубот од Леверкузен му дозволил на неговиот клиент да преговара со други екипи. Но, Тен Хаг очигледно има поинакво гледиште.

„Не ме интересира што вели агентот. Овој клуб веќе продаде тројца важни фудбалери. Не можеме да дозволиме да си замине уште некој. Тоа би ја поткопало структурата и културата на тимот“, изјави Холанѓанецот.

Капитенот на швајцарската репрезентација потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен во 2023 година, кога пристигна од Арсенал. Беше стандарден член на шампионската екипа на Чаби Алонсо и е еден од клучните играчи во соблекувалната.

„Тој е лидер. Има уште три години од договорот и е премногу важен за нас“, дециден беше Тен Хаг.

Ова лето, на незадоволство на новиот тренер, клубот веќе ги загуби Џереми Фримпонг, Џонатан Тах и Флориан Вирц. Џака, засега, останува столб на новиот проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот