
Темната страна на слушалките: Колку нѐ „чини“ дигиталната тишина?
Пребарувањата на Гугл за различни типови слушалки и чепови за уши се во пораст ширум светот. Но, колку е опасна тишината и дали знаеме за нејзината темна страна?
Препорачано
Речиси секој од нас користи слушалки во своето секојдневие. Во јавен превоз, за време на долги летови, на работното место. И чеповите за уши, исто така, се користат многу, особено од страна на луѓе кои работат во околини каде има гласна музика – барови, концертни сали и сл, пишува „Гардијан“.
Технологијата за пригушување на бучавата била развиена во педесеттите години на минатиот век. Првите комерцијално достапни слушалки се појавиле на пазарот во 1989 година и биле користени за воздухопловни цели.
Денес, слушалките се нешто што го има секој од нас и станаа синоним за мир и концентрација.
Но, за жал, никој не размислува за здравјето и нашиот слух. Која е цената што ја плаќаме за дигиталната тишина? Сѐ поголем број научници предупредуваат на ризиците од користењето слушалки.

Колку нѐ чини тишината?
За да се изолираме од бучавата во кој било простор, користиме слушалки. Но, целосното дистанцирање од надворешниот свет има свои последици.
Природните звуци од нашата околина се важни. Ако ги изолираме овие звуци од надворешниот свет, ќе ја намалиме нашата свест за надворешниот свет. Тоа може да биде опасно.
Докажано е дека тишината може да влијае на нашата психа, бидејќи кај некои луѓе може да го зголеми чувството на осаменост. Потоа се јавува чувството на изолација, дури и ако сме среде толпа.
Друг недостаток е тоа што нашата способност за толерирање е драстично намалена во однос на реалните звуци во околината. Затоа стануваме сè почувствителни на вревата во надворешниот свет.
Експертите препорачуваат слушалките да се користат умерено, повремено, само кога навистина ни се потребни, обично кога ни е потребна релаксација или концентрација. Многу е важно да бидеме свесни за околината, особено во сообраќајот.