
Тематската изложба „Дичо Зограф – Наследството на светлината“ е поставена во универзитетот „Еуропа Прима“
Во галеријата на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје е поставена изложбата „Наследството на светлината“, посветена на делото на еден од најзначајните македонски уметници и зографи од 19-от век, Дичо Зограф, во организација на „Академија балканика еуропеана“, со поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец септември.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дичо Зограф (1819-1872) е еден од најплодните и најценетите претставници на македонската зографска традиција. Неговиот творечки опус брои над 2.000 икони и бројни фрескоживописи, присутни во сите земји на Балканот, кои го дефинираат и пренесуваат духовното и културното наследство на Македонија од тој период. Со својот стил, тој претставува мост меѓу традиционалната византиска естетика и современите уметнички влијанија на своето време.
Изложбата претставува внимателен избор на висококвалитетни фотографии од неговите најзначајни икони, кои ја откриваат нивната историја, симболика и значење во културниот контекст.
Овој настан е предвиден да претставува иницијален дел од поширок културен проект чија цел е подигнување на свеста за значењето на македонското културно наследство. Во иднина, проектот ќе вклучи работилници и предавања со експерти од областа на уметноста и културното наследство, ќе се развие како патувачки културен настан низ градовите во Македонија, со перспектива за претставување во меѓународни културни центри и создавање дигитална платформа достапна глобално.