Поранешниот папа Бенедикт XVI/ Фото PA-EFE/ETTORE FERRARI

Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, соопшти Ватикан.

Погребот ќе биде во четврток на 5 јануари.

Папата Франциск ќе ја предводи погребната служба на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во четврток на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан.

Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан.

Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт”, за кој рече дека е многу болен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот