„Телма“: Деветмина кандидати испаднале од изборот за македонски судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска во МНР го одржала вториот состанок на кој ги разгледала кандидатурите кои пристигнале во предвидениот рок.

Според сознанија на „Телма“, од 21 кандидат, деветмина отпаднале бидејќи не ги исполниле критериумите и условите предвидени во јавниот оглас.

Останатите дванаесетмина, кои ги исполнуваат условите, во среда ќе бидат повикани на интервју, по што ќе следува изборот на тројца кандидати кои како предлог-листа ќе бидат доставени до Владата. Меѓу оние што не ги исполниле условите има и судии, обвинители, адвокати и правници по професија, но засега нема информации за тоа кои кандидати продолжуваат на интервју, а кои испаднале на конкурсот.

Во вкупниот број кандидати беа обвинителката Ленче Ристоска, судијките Оља Ристова, Габриела Гајдова и Едита Насковска, поранешниот претседател на ДИК, Александар Даштевски, адвокатите Тони Менкиновски, Валентин Пепељугоски, Ирена Ристиќ, поранешната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска и други правници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот