„Телеком Србија“ ги презема „Тотал ТВ“ и „Нет ТВ Плус“

Компанијата „Телеком Србија“ денеска ги презеде „Нет ТВ Плус“, која емитува програма за пазарот на дијаспората, како и сателитската телевизија „Тотал ТВ“ во Србија и Северна Македонија од „Јунајтед Груп“.

Извршниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ рече дека компанијата со тоа ја потврди својата водечка позиција во дистрибуцијата на мултимедијални содржини како во Србија и регионот, така и во дијаспората.

Сите корисници кои гледаа телевизиски програми преку Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија или преку НЕТ ТВ ширум светот, сега ќе имаат на располагање значително поголем број канали, а особено би ги истакнал оние кои нудат најдобра програма за спорт и серии, Арена Спорт и Суперстар, информира Лучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот