Гренланд/ Фото: Wikimedia Commons

Телеграф: По заканите на Трамп, членки на НАТО разговарале за испраќање трупи на Гренланд

Земји-членки на НАТО разговарале за распоредување на трупи на Гренланд како одговор на заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп дела ќе ја употреби американската армија за заземање на данскиот остров, објави британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на неименувани извори.

На неформалните разговори „што би направиле НАТО трупите“ ако Трамп ја реализира заканата учествувале десетина европски сојузници. Се разгледувало и дали постои можност за повикување на член 5, клаузула за меѓусебна одбрана во случај на американска инвазија на друга земја-членка на НАТО.

За Трамп одлуката на Копенхаген да не се откажува од Гренланд е „непријателски чин“, додека Русија и Кина се залагаат за интензивирање на нивното присуство на островот.

Телеграф наведува дека учеството на Германија во тајните разговори предизвикало критики од одредени земји-членки на Алијансата, пред сè од приврзаниците на Украина. Неименуван дипломат истакна дека нивниот револт е поради тоа што германскиот канцелар Олаф Шолц одбил да го разгледа предлогот за испраќање на трупи во Украина, но отворено ја лансира идејата за испраќање на трупи на НАТО на Гренланд.

– Тоа е морален компас без игла, посочи неименуваниот дипломат за Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!