Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Телефонски разговор меѓу Путин и Вучиќ: Позицијата на Русија кон Косово е непроменета

Претседателите на Русија и на Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, во денешниот телефонски разговор се фокусираа на решавање на косовското прашање, соопшти официјален Кремљ.

– Посебно внимание беше посветено на Косово Вучиќ информира за преговорите во Вашингтон на 7 септември, а Путин ја потврди непорменетата позиција на Русија во подготовка на избалансирано и компромисно решение што е прифатливо за Белград, а кое треба да биде утврдемно и во Советот за безбедност на Обединетите нации“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Меѓу другото се додада дека се разгледани и актуелни теми од стратешкото партнерство меѓу Србија и Русија. Од руска страна, како што стои во дописот, „високо е оценет“ личниот придонес на Вучиќ во стратешкото партнерство.

– Нагласена е подготвеност за натамошна тесна соработка во поглед на билатералните односи, како и во регионалните и меѓународни прашања“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот