Тејлор Свифт / Фото: Profimedia

Тејлор Свифт испиша историја на музичките награди „Билборд“, освои дури десет статуетки

Американската пејачка Тејлор Свифт повторно издоминира во сезоната на доделување награди – со освоените десет статуетки испиша историја на годинашните музички награди на списанието „Билборд“. Свечениот настан се одржа вчера, 12 декември, а водителка на шоуто беше комичарката Мишел Буто.

Свифт имаше исклучително успешна година кога станува збор за музиката, а сега стана и најнаградуваната пејачка во историјата на музичките награди на „Билборд“, со освоени 49 статуетки во нејзината дведецениска кариера.

Годинава таа беше прогласена за најдобар артист, најдобар женски артист, најдобар артист на топ-листата „Билборд 200“, најдобар артист на „Билборд хот 100“, најдобар композитор на „Билборд хот 100“, најдобар артист на стриминг платформите, најдобар артист на радиостаниците, најдобар артист на „Билборд глобал 200“ и најдобар артист на „Билборд глобал“ (во САД).

Тејлор Свифт / Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

Со однапред снимен говор, Свифт им се заблагодари на „Билборд“ и на нејзините обожаватели, како некои кои „слушаат музички албуми и посетуваат концерти“.

„Сè она што се случи со концертната турнеја ‘Ерас’ и албумот ‘The Tortured Poets Department’… само можам да ви кажам благодарам. Многу ми значи тоа што ги прифативте нештата кои ги создадов и што се грижите толку многу за мојата музика“, изјави таа.

Свифт, која денеска го прослави нејзиниот 35. роденден, додаде дека „ова ѝ бил еден од најубавите роденденски подароци“ и дека е „токму тоа што го посакувала“.

Кантри ѕвездата Зак Брајан си замина дома со пет статуетки, а пејачот Морган Волен победи во четири категории. Раперите Шабузи и Дрејк, а и колективот „Елевејшн воршип“ имаа по три победи.

Пејачката Чапел Роун победи во една од најважните категории на вечерта – најдобар нов артист, а веќе докажаната Бијонсе беше прогласена за најдобар женски кантри артист, откако годинава направи музичко деби во овој жанр со албумот „Cowboy Carter“.

Главниот вокалист на најдобриот поп бенд во светот „Би-ти-ес“, Џеон Џангкук, се закити со две награди – во категориите најдобар К-поп албум за „Golden“ и за најдобра глобална К-поп песна за „Standing Next to You“. Со тоа стана, најнаградуван азиски музичар на наградите „Билборд“.

Џеон Џангкук / Фото: JOHN NACION / UPI / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот