Хитроу / Фото Архива на СП

Технички проблем ги парализира летовите во Велика Британија

Технички проблем во британската контрола на летање во средата предизвика сериозни прекини на воздушниот сообраќај, при што беа суспендирани летовите на повеќе големи аеродроми, меѓу кои Хитроу, Гетвик, Лондон Сити и Единбург, пишува Ројтерс.

Националната служба за контрола на воздушниот сообраќај (NATS) соопшти дека инженерите успеале да го обноват системот и дека е започнат процесот на враќање на нормалните операции, особено во областа на Лондон.

„Нашите инженери го обновија системот што беше засегнат попладнево. Во процес сме на продолжување на нормалните операции“, соопшти NATS преку Икс.

Проблемот предизвика хаос на аеродромите – Хитроу објави целосна суспензија на полетувањата, додека Гетвик и Лондон Сити известија дека поаѓањата се одложени или стопирани. И аеродромот во Единбург соопшти дека заминувањата се одложени додека се чекаат дополнителни информации од надлежните служби.

Иако проблемот е технички решен, се очекува уште неколку часа да има доцнења додека се нормализира целиот воздушен сообраќај. Властите апелираа до патниците да ги следат објавите на аеродромите и да се информираат за статусот на своите летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот