Том Круз / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Тажна приказна се крие зад причината зошто Том Круз не го користи своето целосно име во јавност

Том Круз е роден како Томас Круз Мејпотер Четврти на 3 јули 1962 година во Сиракјуз, но решил да го скрати презимето за да се дистанцира од својот татко, Томас Круз Мејпотер Трети.

Актерот пораснал во сиромаштија, заедно со своите три сестри, и се преселил во Њујорк кога наполнил 18 години за да започне актерска кариера. Во едно од интервјуата, актерот го опишал својот татко како насилник и кукавица кој често ги заплашувал и ги тепал своите деца.

-Мојот татко беше еден од оние луѓе кои ве удираат кога нешто ќе тргне наопаку. Тоа беше важна животна лекција за мене – знаеше како да те опушти, да те натера да се чувствуваш безбедно… а потоа – бум! Ми беше јасно: „Нешто не е во ред со овој човек. Не му верувај. Внимавај.“ Тоа чувство на вознемиреност отсекогаш беше присутно“, рекол Том во 2006 година.

Неговиот татко починал од рак во 1984 година, а Том Круз го посетил во болницата кратко пред тоа.

-Кога го видов во болки, си помислив: „Боже, каков осамен живот“. Беше само во доцните четириесетти години. Беше тажно“, се присети Круз во една прилика, пренесува Дејли мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот