Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Тажен ден за францускиот фудбал: Големиот Бордо повеќе не е професионален клуб

Eден од најголемите француски клубови, Бордо, го загуби статусот на професионален клуб поради финансиските проблеми за кои не успеа да пронајде решение.

Статусот на професионален клуб Бордо го имаше од 1937 година, а сега мораше и да го затвори тренинг-кампот во кој престојуваа околу 70 деца.

Раководството на клубот не успеа да пронајде решение за долговите кои изнесуваа 40 милиони евра, а 25 беа побарувања на поранешни фудбалери, тренери и членови на стручниот штаб.

Поради губењето на професионалниот статус, фудбалерите сега ќе бидат слободни во пронаоѓањето нов ангажман без клубот да добие некаква оштета. Во минатото дресот на Бордо го носеа многу големи фудбалски имиња меѓу кои и славниот Зинедин Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот