Ерол Маск (десно) во посета на Стопанската комора на БиХ ФОТО/ Фејсбук на Стопанска комора на БиХ

Таткото на Маск во БиХ разгледувал локации за институтот за истражување на гравитацијата и вселената

Јужноафриканскиот бизнисмен Ерол Маск, татко на милијардерот Илон Маск, ја посети Босна и Херцеговина оваа недела за да го процени нејзиниот потенцијал како локација за истражувачки институт за гравитација, простор-време и долговечност, неколку месеци откако изјави дека планира да го лоцира во Дубаи.

Постариот Маск, 79-годишен инженер кој има затегнат однос со својот син, за босанскиот портал Кликс изјавил дека му била понудена локација во Обединетите Арапски Емирати, но пријател од Балканот го советувал да го разгледа овој регион, пишува Ројтерс.

„Морам да кажам дека сум пријатно изненаден од она што го најдов. Економијата, достапноста на работите, однесувањето на луѓето. Поминав неколку дена тука и си помислив – ова е идилично. Мојата почетна идеја беше дека ОАЕ се идеални, но сега кога го видов ова… би рекол дека ова е многу подобро.“, го цитира порталот јужноафриканскиот бизнисмен.

Стопанската комора на Федерацијата на Босна и Херцеговина, објави дека во среда му ја претставила на Маск образованата работна сила и економскиот потенцијал на земјата.

Тој рече дека не разговарал со босанските власти за она што го нарече приватна иницијатива за истражување на „четири области: долговечност, фузија, простор-време и гравитација“.

Според Ројтерс, тој го изразил својот страв од прекумерна контрола на владите и рекол дека сака да привлече луѓе кои „веќе не се испрани од мозокот и мислат дека таквите работи се невозможни“, додавајќи дека ги посетил и Австрија и Србија.

Ерол Маск рече дека не го проучувал политичкиот систем на Босна, ниту разговарал со својот син за можна инвестиција, но дека ќе се обиде да го убеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот