Линдзи Лохан / Фото: Profimedia

Таткото на Линдзи Лохан осуден на девет месеци затвор поради земање мито од пациенти

Таткото на познатата американска актерка Линдзи Лохан, Мајкл Лохан (64), е осуден на девет месеци затвор поради кршење на условната казна. Поранешниот брокер од Волстрит беше обвинет за примање мито во замена за упатување пациенти на лекување од зависности.

Според обвинението, Лохан примил најмалку 25.000 долари за тоа што ги насочувал зависниците кон центар за рехабилитација на Флорида, а меѓу нив била и жена со која, наводно, во тоа време имал интимна врска.

Мајкл Лохан / Фото: Harris County Sherriff’s Department / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Уште во 2022 година, судот го прогласи за виновен за посредување со пациенти, поради што доби условна казна од четири години. Меѓутоа, во февруари оваа година ја прекршил условната казна кога беше уапсен поради наводен напад врз својата сопруга, новинарката Кејт Мејџор (42), со која веќе некое време не живеел.

Мејџор, која со Лохан ги има синовите Лендoн и Логан, ја повикала полицијата откако сопругот ја следел на лекарски преглед. Според полицискиот извештај за „Пејџ сикс“, таа била пронајдена со модринки што ги добила неколку дена претходно, откако Лохан, наводно, ја фрлил од стол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот