Таравари најави дека телемедицината ќе влезе во „Мој Термин“

Министерот за здравство Арбен Таравари најавува проширување на „Мој Термин“ преку процес на нова дигитализација и евентуално воведување „телемедицина“ во Мој Термин. Според него неопходно е во Македонија сите здравствени установи да бидат поврзани во еден ист систем.

Значи и приватните и јавните здравствени установи, меѓутоа и фармацијата и сите други институции коишто се поврзани со здравството, тука мислам и на Фондот за здравство. Така што ќе видиме, ќе разгледаме најдобри можни опции, рече Таравари.

Министерот истакна дека се разговарало за користење на телемедицината за одредени прашања, односно пациентот да не мора да оди на Клиника, туку  лекарот да му дава консултации на дистанца во одредени случаи, а потоа ако има потреба и физички да биде прегледан.

-За одредени прашања пациентот не мора да доаѓа на клиника туку може да има одреден период кога докторот дава консултации од дистанца, а ако има потреба потоа би го повикал пациентот и физички да го прегледа, рече Таравари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот